
Ние се грижиме и работиме за енергијата
Ние се грижиме и работиме за иднината
Ние се грижиме и работиме за природата
Ние се грижиме и работиме за
вашата инвестиција
Ние се грижиме и работиме за
вашиот профит
Едноставно - Ние се грижиме и работиме за Вас
Палетата на производи и услуги на компанијата Озон е главно поделена на три сектора:
- Градежништво
Дистрибуција и продажба на градежни материјали - Озон е лидер во дистрибуција и продажба на материјали за термичка и акустична изолација, производи и системи од гипс, водоотпорни фолии и мембрани, изолирани фасади и друго. Нашите услуги и производи ги користат најголемите продажни ланци и градители за градба на нови објекти или за реновирање. Озон важи за стабилен партнер кој континуирано ги прати потребите на купувачите за високо квалитетни и специфични материјали и решенија за градба.
Градежни работи - Ги извршуваме сите видови градежни работи на база “клуч на рака”. Озон е одлично организирана компанија за градба на сите видови објекти, асфалтирање, асфалтно-бетонирачки работи и други градежни работи употребувајќи напредни техники за градба, модерни градежни материјали и економични решенија.
- Климатизација
Дистрибуција и продажба на производи за климатизација, греење, ладење и проветрување - Озон е водечка компанија на пазарот за продажба на опрема и единици за климатизација и вентилација, производство на вентилатори и вентилаторски единици (клима комори), канали за транспорт на воздух, пригушувачи на звук, решетки и помошни материјали за дистрибуција на воздух, флексибилни црева, автоматика и многу други производи. Нудејќи најголем избор на производи и материјали, со голема залиха и можност за брза испорака можеме да ги задоволиме и најспецифичните потреби на нашите купувачи. “OzonFlex”, “OzonAir” и “OzonCool” се само некои од висококвалитетните брендови и производи кои ги испорачуваме на најрепрезантивните проекти на пазарот.
Инсталатерски работи - Озон се докажа како најдобро решение при избор на изведувач за машински инсталации. Озон ги има изведено најпрестижните проекти за трговски центри, болници, мултимедијални центри како и многу инсталации за различни потреби во индустријата за ладилни процеси, ладилни комори и останато.
- Консултантски и проектантски услуги
Нудиме комлетен инженеринг и проектирање на машински инсталации и архитектура како и ревизија на проекти според највисоки стандарди. Како дел од компанијата отворен е Центар за заштеда на енергија и енергетска ефикасност со главна цел да развива и имплементира одржливи решенија, препорачува специфични материјали и да дава техничка помош и совети на инвеститори за имплементација на решенија за ефикасно менаџирање со енергијата.
Ова се нашите перспективи на делување и допринос:
Зелена енергија
Сите наши активности се насочени кон употреба на таканаречена зелена енергија, да создаваме решенија за употреба на чиста енергија која е во синергија со природата и со тоа да допринесеме за помала емисија на ЦО2 во атмосферата.
Решенија и опрема за заштеда на енергија
Сета наша работа е фокусирана на дистрибуција и развој на материјали и решенија кои ќе ги заштедат вашите пари, вашето време и вашите грижи. Сите ние знаеме дека повеќе од 55% од годишните трошоци за енергија се трошат за ладење, греење и вентилација. Со употреба на нашите решенија можете да ги користите вашите средства и фондови за развој и инвестирање наместо за трошоци за тековна работа, што ќе резултира со поголема добивка наместо трошоци.
Ќе ги трансформираме вашите трошоци во инвестиција за иднината и ќе ви допринесеме за поголем профит.
Ќе ја намалиме инвестицијата во опрема
Ние работиме за вас. Ја организираме за вас работата да градите и употребувате квалитетни материјали кои ќе ви овозможат помала потреба за енергија. Ги дизајнираме најефикасните проекти и решенија комбинирајќи ги архитектирата и машинството во еден комплетен проект кој ќе резултира во градба со мала потреба за енергија и мала инвестиција во опрема.
Насмевката на вашето лице и парите во вашиот паричник ќе бидат најдобар подарок и задоволство за нас.
Ние ги правиме вашите објекти да вредат повеќе
Ние ги правиме вашите објекти да бидат означени како зелени објекти. Овој тип на објекти се најбарани на денешниот и идниот пазар на недвижности бидејќи месечните тековни трошоци се помали и заштедуваат големи средства за сопствениците.
Ние ги правиме вашите објекти да бидат ваша доживотна инвестиција.
- Нови и половни машини
Продажба на нови и половни дигалки - Ова е најмладиот дел од компанијата. Во последната година имаме продадено голем број на нови и употребувани дигалки. Можеме да ги задоволиме сите потеби на купувачите за опрема за дигање и манипулација со товар нудејќи решенија за сите индустрии. Дигалките со или без моторен погон се увезвуаат од наши проверени партнери, поткрепени со сервис и резервни делови. Можеме да ви помогнеме да ја изберете правилната опрема за манипулација со товар за вашите специфични потреби.
|