Историја на компанијата
ОЗОН е семејна компанија основана од Башоски Драгољуб.
За да дојдеме до основањето на Озон треба да се вратиме во 1993 година кога е формирана Компанијата Бадра и првата канцеларија. Основна дејност во тоа време беше трговија, увоз и извоз. Во 1999 година основана е сестринска компанија Озон, со главна дејност во градежништвото и климатизацијата. Во 2000 година Озон ја купува Бадра и на пазарот се претставува со едно име - Озон.
Во 2004 година компанијата Озон направи смели чекори во промена на системот на работа воведувајќи нов стратегиски фокус и цел за зголемување на глобалното присуство преку современ маркетинг и понуда на специфични услуги и технолошки напредни солуции.
Денес Озон е современа компанија, со чиста визија за развојот на глобалниот пазар во областа на системите и решенијата за заштеда на енергија, материјалите за градежништвото, опремата и современите решенија за климатизација, греење, ладење и проветрување.
Профил на компанијата
Компанијата ОЗОН се докажа како глобален партнер и соработник со над 829 компании низ целиот свет и има испорачано стоки и услуги на над 2000000 задоволни купувачи во светот. Со воспоставената трговско-продажна мрежа во ЕУ, САД, Русија и Малезија стана синоним за квалитет и успешност. Во текот на изминатите 5 години компанијата континуирано вложува во зголемување на производните капацитети и зголемување на човечките ресурси. Врз основа на постојани инвестициони вложувања во модернизација и проширување на основните фондови и палета на производи денес Озон е лидер на пазарот во Југоисточна европа во однос на изборот и понудата на производи за потребите на голем број успешни компании.
Мисија на компанијата
Се остварува двојната мисија на компанијата да испорачува и произвдува високо технолошки развиени производи и да остварува одржлив профитабилен напредок одржувајќи ја лидерската позиција на пазарот.
ОЗОН поседува богат асортиман на производи за градежништвото и индустријата, материјали за градба и изолации, опрема и единици за климатизација, греење, ладење и проветрување, современи апарати за лабораториско мерење на параметри во домувањето и индустријата, како и услуги на највисоко можно ниво по европски стандарди со што ги опслужува потенцијалните и постоечките купувачи, со што перманентно ги зголемува сопствените материјални фондови, капитал и профит.
Да ја зачуваме околината еколошки чиста и здрава за следните поколенија е нашето мото и препорака до сите градители и инвеститори. Уверете се во кавлитетот на нашите услуги и професионалност.
Бидете добар стратег, употребувајте квалитетни материјали и услуги и заштедете.
Ние инвестираме во иднината
Компанијата Озон инвестира и во млади архитекти. На нивна иницијатива во соработка со Архитектонскиот Факултет при универзитетот Кирил и Методиј секоја година доделува стипендии за најуспешно изработени проекти на тема на примена на изолации за заштеда на енергија во објектите и зголемување на нивото на комоција во објектите.
Компанијата Озон во соработка со стручни лица, стопански комори и други институции од областа на Енергетската ефикасност организира предавања и семинари за стручниот кадар и инвеститорите, со цел зголемување на знаењето и инвестирање во објекти и градби кои нема да претставуваат долгорочен енергетски проблем.
Компанијата Озон има воспоставен систем за квалитет ISO 9001, а во тек е имплементација и на ИСО 14000 стандард за управување со животната средина.
Врз основа на извршените анализи за проширување на дејноста, обемот на производството и асортиманот, како и согледаната можност за реализација на производсвтото, Озон инвестираше во купување на градежното земјиште и во тек е изградба на деловен објект од 11.000 м2 во кој ќе може да ги остварува планираните цели за развој.
Се грижиме за иднинте поколенија и природата
Со добро планирани активности и долгогодишното искуство во примената на решенија и материјали, ОЗОН го превзема лидерско место на полето на енергетската ефикасност.
Во 2002 е дизајнирана и изградена една од првите Енергетски ефикасна куќа на Балканот т.н. Пасивна Куќа која се карактеризира со 90% намалена потрошувачка на енергија во однос на постојниот тип на градба на објекти. Со градбата на вакви објекти не само што енормно се зголемува заштедата на скапата енергија туку се добива и ефект на чиста околина која се помалку ја има, а борбата за неа е се поголема.
Полиња на делување
Палетата на производи и услуги на компанијата е главно поделена на три сектора:
- Сектор за градежништво, градежни материјали и материјали за термичка, акустична и огноотпорна изолација - изолација од минерална волна, фолии и материјали за хидроизолација, паропропусни кровни фолии, материјали за термички ефикасни фасади, полиетиленски фолии, комплетен асортиман за сува градба со гипскартонски плочи и плафони, бетон и производи од бетон;
- Сектор за климатизација, греење, ладење и проветрување - опрема и единици за климатизација, производство на вентилатори и вентилаторски кутии, климакомори, прозиводствона системи за регулација на проток на воздух, канали за пренос на воздух, пригушувачи на звук, вентилациони решетки и елементи, флексибилни канали, автоматика и многу други производи.
- Сектор за консултантски услуги и дизајн - врши комплетен инженеринг и изработка на проекти за машински инсталации, архитектура и ентериери по најсовремените ЕУ стандарди. Во склоп на Компанијата е отворен и Центар за заштеда на енергија, енергетска ефикасност и примена на одржливи решенија и материјали. Целта на овој центар е давање стручна помош преку изработка на проекти и решенија за сите заинтересирани инвеститори за зголемување на заштедата на енергија за ладење и греење до највисоко ниво преку имплементација на најсовремените решенија кои моментално се применуваат.
|